Студентите во Шуто Оризари за првпат добија читална

Вчера за првпат во Шуто Оризари се отвори читална за потребите на студентите Роми од оваа општина.

Читалната е идеја иницирана од студентите и се наоѓа во просториите на СУГС ,,Шаип Јусуф”. За нејзиното отворање помогна гимназијата и локалната самоуправа.

Читалната ќе им обезбеди на студентите простор за учење, но таа е отворена и за сите младински иницијативи.

Според советничката за образование Рамиза Сакип, потребно е да се подобри комуникацијата меѓу средношколците и студентите, бидејќи на тој начин, вели таа, доаѓа до трансфер на искуства, меѓусебно мотивирање и создавање на квалитетен кадар.