Студентите во Нов Зеланд ќе добијат бесплатно пиво за секој фатен глушец

Студентите на Нов Зеланд ќе добијат бесплатно пиво за секој глушец што ќе го фатат и го донесат жив или мртов.

Фото: Гарет Морган

Бизнисменот, Гарет Морган, кој претходно имал компанија за заштита на птици од мачки, сега е на чело на проектот „Beer for Rats“, објави Nzherald.

Toj заедно со Универзитетот Викторија во Велингтон почна кампања за да ги поттикне студентите да се вклучат во борбата против големиот број глувци. Повици добил и од другите универзитети подготвени да ја прифатат понудата.

– Има многу заинтересирани за овој проект. Интерес имаат и луѓето од другите градови кои дури доаѓаат кај нас и не повикуваат да одиме во нивните места, изјави Морган.

Тој објасни и како ги привлекол студентите.

– Седнав и размислував што сакаат студентите. Пиво беше логичен одговор. Одлучив дека е добра идеа да им се даде стапици за глувци и се наградат со пиво за секое фатено глувче, додаде Морган за проектот кој има за цел да ги намали штетниците во земјата.