Студентите во Албанија продолжија со протестите

Иако во помал број поради многу студеното време во Албанија, група студенти денеска повторно се собра пред албанската Влада за да протестиратаат, бидејќи, како што порачаа, не веруваат на ветувањата на премиерот Еди Рама.

„Пред Нова година премиерот вети дека ќе бидат исполнети сите наши барања, но тоа е само делумно бидејќи на унверзитетите нема никаква измена во висината на тарифите. Таму се уште важат старите тарифи, како за запишување на година, така и за полагање на заостанати испити. Има обиди да се почне со настава, но поради минималниот одѕив на студенти наставата се уште е блокирана“, велат од организацискиот одбор на студентските протести.

Одборот посочува дека покрај досегашните осум барања, додаваат уште едно – целосно укинување на Законот за високо образоване.

Денеска беше 34-ти ден на студентските протести, кои беа во прекин поради божиќните и новогодшни празници.