Студенти ставија вето на забраната за знамето на Универзитетот во Калифорнија

Студентските лидери од Универзитетот во Калифорнија, ставија вето на резолуцијата со која беше забрането американското знаме да биде пoставено во фоајето на студентските владини канцеларии, пишува на веб-страницата на училиштето.

Како што јавуваат американските медиуми, во текстот се наведува дека „погрешната легислатива“ донесена од страна на членовите на законодавниот совет минатата недела не била одобрена од страна на раководството на кампусот, но и од Универзитетот во Калифорнија.

„Американското знаме се уште гордо се вее низ нашиот кампус, и ќе продолжи така“, се вели во текстот потпишан од страна на извршниот кабинет на Асоцијација на студенти на Универзитетот во Калифорнија.

Студентите гласаа за забрана на поставување на американското знаме на универзитетот, бидејќи според нив, тоа е симбол на „колонијализмот и империјализмот“.

Законодавниот совет со 6 ласа за, 4 против и двајца воздржани, ја изгласа резолуцијата за отстранување на сите знамиња, со цел да се создаде „поинклузивна“ средина.

Резолуцијата, напишана од страна на студентот Метју Гевера, исто така вели дека „американското знаме најчесто се вее во локациите на владиниот јавен сервис, воените субјекти, во домовите, и во странските земји каде што е присутна владата на САД“ и дека неговата „симболика има позитивни и негативни аспекти што се толкуваат различно од страна на поединците.“

И покрај тоа, до оваа мерка тој тврди дека „слободата на говорот, во простор кој има за цел да биде што поинклузиивен, би можела да се толкува како говор на омраза.“

И покрај тоа што одлуката беше изгласана, претседателот на Асоцијацијата, Реза Замородиан истакна дека цврсто стои против оваа легислатива.