Иако се чести предрасудите дека оние што конзумираат марихуана имаат проблеми на училиште, новото истражување покажало дека пушачите на „трева“ се поуспешни во академска смисла од пушачите на обични цигари.
Канадските научници од Универзитетот во Торонто, во една од најголемите студии на оваа тема заклучуваат дека конзументите на марихуана во просек имаат подобри оценки од тие на цигари, пишувa Дејли меил.
„Канабисот во минатото се поврзуваше со проблематичното однесување, но тој тренд се менува“, вели Мичел Шалтон, експерт за епидемиологија и јавно здравје, вработен на Универзитетот во Торонто.
„Младите конзументи на цигари веројатно ќе постигнат полоши резултати на училиште и ќе се впуштат во социјално неприфатливи активности како вандализам, кражби или физички напади“, додава Шалтон.
Резултатите од истражувањето се објавени во научното списание „Journal of School Health“, a научниците ги анализирале податоците кои во тек на неколку децении ги собрал Центарот за зависности и ментално здравје во Онтарио.
Научниците откриле дека конзумирањето марихуана свој врз има достигнато пред една деценија, додека последниве години нејзината употреба станува поприфатена, па затоа тинејџерите се почесто сметаат дека марихуаната е помалку штетна од цигарите.
Интересно е и тоа што истражувањето покажало дека 92% од оние кои примарно пушат цигари, истовремено пушат и марихуана. Од друга страна пак само 25 отсто од тие што главно пушат марихуана, конзумираат и цигари.