Студентите се гневни на лошите услови во домот „Гоце Делчев“

И во 21-от век студентите во студентскиот дом „Гоце Делчев“ живеат во ужасни услови. Срушени ѕидови, водоводни цевки кои протекуваат, соби кои мирисаат на влага, застарена електрична инсталација, слабата термо и звучна изолација од прозорците и вратите кои не се затвараат се само дел од проблемите со кои секојдневно се соочуваат младите луѓе.

Студентите се гневни на лошите услови во домот „Гоце Делчев“

Во студентскиот дом „Гоце Делчев“ се сместени околу 1200 студенти. Поголемиот дел од нив едвај чекаат да завршат со студиите и да заминат од домот.
Велат, ако сакаме основни услови за живот од дома си носиме голем дел од работите, сами си ги бојадисуваме собите, но не сме моќни да се бориме со влагата која се појавува по ѕидовите и плафоните од цевките за довод, одвод и парното греење. Храната е ладна и еднолична, а бањите се најлошиот дел, констатираат студентите, топла вода има, ама староста на објектот си го направила своето.

Anketa za uslovite vo studentskiot dom by Radio Mof on Mixcloud

Студентскиот дом „Гоце Делчев“е изграден по земјотресот и од тогаш па досега, вистинско реновирање има само во читалната. Студентите велат дека надлежните постојано ветуваат дека домот ќе се реновира, но сеуште нема ништо од таквите најави. Радио Моф ја побара и директорката на Државниот студентски центар „Скопје“, Даниела Темелкова, но по една седмица упорни обиди, не успеавме да добиеме одговор на повикот.

Во продолжение и низ фотографии, еве како се живее во СД„Гоце Делчев“.

Студентите се гневни на лошите услови во домот „Гоце Делчев“

DSCN1548

Студентите се гневни на лошите услови во домот „Гоце Делчев“

DSCN3776

Добринка Темелкова