Студентите по медицина не би работеле во Македонија

Студентите по медицина не би работеле во Македонија

 60.6% од студентите по медицина во Македонија не сакаат да работат во земјата откако ќе дипломираат, покажува истражувањето спроведено од меѓународниот проект `Хелтгрупер` меѓу студентите на Медицинскиот факултет во Скопје кои се запишани во прва година од нивните студии.

„Се чини дека најзагрижувачки податоци ова истражување открива во интересот на студентите да ја напуштат државата по завршување на нивните студии. Одделни две прашања ја обработуваат темата за развојот на идната кариера на студентите. На прашањето Дали би сакале да останат во Македонија по завршување на студиите, речиси половина поточно 47,7 отсто од сите студенти изјавиле “Сакам да се отселам”. На второто прашање формулирано како “Доколку може да одберете, каде би сакале да работите по завршување на студиите”, загрижувачки 60,6 отсто изјавиле дека “Сакаат да се отселат”, заклучуваат до `Хелтгрупер`.

Целта на истражувањето било да се проценат главните очекувања кои студентите ги имаат на почетокот на студирањето. `Хелтгрупер` ќе го спроведе истото истражување во 2018 година на истата генерација студенти со цел да се споредат разликите во одговорите кога студентите се прва година, и кога ќе бидат при крајот на нивните студии. Идентични истражувања се во подготовка и во останатите држави каде е активен проектот `Хелтгрупер`.

Меѓу останатото, ова истражување има за цел и да ги воведе студентите во основите на апликативна научно истражувачката работа.

Извор: Макфакс