Студентите по медицина организираат предавања за ретките болести

Студентите по медицина се вклучуваат во обележувањето на Денот на ретки болести.

Одборот за Медицинска едукација при Македонската медицинска студентска асоцијација (ММСА-Македонија) во соработка со здружението Вилсон-Македонија организира едукативни предавања во кои се вклучени професори од Медицинскиот факултет – експерти за поедини ретки болести, во соработка со заинтересирани, амбициозни студенти.

Настанот има за цел, како што велат, поопширна едукација на студентите по медицина за ретките болести и надвор од курикулумот на факултетот, но исто толку важно – вклучување на студентите во иницијативата за подигнување на свеста за ретките болести.

Настанот ќе се одржи во амфитеатарот на Деканатот на Медицински факултет со почеток во 12 часот.