Студентите по електронски пат ќе поднесуваат потврди до ФЗОМ

Потврдите за редовно школување студентите повеќе нема да морат да ги доставуваат лично до шалтерите на ФЗОМ. Фондот ќе го добива овој документ по електронски пат од факултетите, пренесе Макфакс.

Досега потврдата за редовно школување студентите требаа да ја заверат во студентски прашања, па да ја достават на шалтерите во подрачните служби на ФЗОМ.

Секоја нова потврда односно промена за редовно школување отсега, ФЗОМ ќе ја добива по електронски пат од соодветната образовна установа за високо образование, соопштија денеска од Фондот.

За оние студенти кои нема да може да ги достават потврдите електронски, ќе може како и досега да ги достават потврдите во подрачните служби.

Извор: Макфакс