Студентите од Тетово во вторник излегуваат на протест

Поттикнати од студентските протести во Албанија, студентите од Тетово најавуваат свој протест во вторник (18 декември) во 12:30 часот. Најавата за протестот се шири преку соцјалните мрежи, а зборно место е градскиот плоштад Илирија во Тетово.

Протестот го најавуваат какко борба со корупцијата во образованието, а информираат и дека нивните барања се упатени кон Министерството за образование и наука.

Имаат 13 барања, а межу првите се отстранување на надоместокот од 50 евра за задолжителната двомесечна пракса, намалување на партиципацијата за странски студенти за 50% и отстранување на плаќањето од 100 евра за повторен упис на универзитетот.

Бараат да се укине задолжителната професионална екскурзија која сами си ја финансираат, или да им ја плаќа факултетот, а револтирани се и од тоа што професори ги условуваат да купуваат нивни книги, за да добијат потпис. Бараат подобро опремени кабинети за настава, но и објавување на статутот на Универзитетот и евалуацијата што ја прават студентите  за професорите на веб-страницата на универзитетот.

Протестот е и против дискриминацијата на студентките, плагијаторството, партизацијата на образованието.