Студентите не ги знаат можностите на законот за заштита на укажувачи и ретко пријавуваат корупција

Студентите во Македонија ретко пријавуваат корупција, покажа истражувањето на проектот „Можностите за законот за заштита на укажувачи и спречување на корупција во високото образование во Македонија“. Универзитетскиот професор Миша Докмановиќ смета дека студентите малку го познаваат законот за заштита на укажувачи и затоа не се осудуваат да пријават корупција.

„Ние направивме анкета на 513 македонски студнети од четирите најголеми универзитети во земјава. Од анкетираните, само 7 отсто ни одговорија дека има корупција на нивните факултети. Голем дел од нив, најверојатно, се плашат да ги пријават ваквите појави, не знаат дека законот за заштита на укажувачи е донесен пред една година и им овозможува тајност во пријавувањето корупција“, изјави професор Докмановиќ.

Дел од професорите што учествуваа на тркалезната маса на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, каде беа презентирани резултатите од истражувањето на проектот, сметаат дека студентите не ги познаваат сите облици на корупција.

„Можеби процентот на пријави на корупција од страна на студентите е мал затоа што студентите, ако сакаат да пријаваат корупција, ги пријавуваат директните облици на корупција, како поткуп и слично, но немаат информации дека во корупција спаѓа и непотизмот, на пример“, изјави универзитетската професорка Беса Арифи.

Мета