Студентите ќе им одржат прв пленумски час на бруцошите утре на платото на УКИМ

Утре (15.09) во 12 часот, на платото на УКИМ, Студентски пленум го организира настанот „Прв пленумски час“ кој има за цел, како што велат, да ги дочека бруцошите и да им ги предочи проблемите и предизвиците кои допрва ги очекуваат.
„Ќе бидеме колегијални и ќе ви ги предочиме проблемите со кои ќе се соочувате секојдневно низ своето студирање, проблемите кои не се сериозно адресирани, но заедно со ваша сила ќе ги менуваме.
Студентски пленум не седи сокриен во канцелариите како некои нелегитимни студенстки т.н. организации, туку е секогаш отворен за студентите полни со нови идеи, ставови и желба за промена.
Активирај се! Студентизирај се! Приклучи се!“, стои во соопштението на Студентски пленум.