Студентите добија рок од четири дена да си ги земат работите од студентските домови

Студентите кои имаат потреба да ги посетат студентските домови со цел да подигнат дел од личните работите кои ги имаат оставено можат да го направат тоа во следните 4 дена почнувајќи од денес, соопти директотот на ДСД „Скопје“ Дарио Николовски.

Подигнувањето на приватните работи во собите, моѓе да се направи само во определен временски интервал, поради вонредниот полициски час и дополнителните ограничувања во слободата на движење.

Посетите ќе се одвиваат во вторник од 12:00 до 16:00 часот, како и од среда до петок во периодот од 09:00 до 13:00 часот.

„Оваа одлука се носи поради бројните барања на студентите и нивните потреби. Напоменуваме дека при посетата на домовите потребно е да се почитуваат препораките односно да се носат маска и ракавици додека при посетата на домовите студентите ќе бидат пуштани во ограничен број, по двајца, по што ќе следува целосна дезинфекција на објектите. Ги замолуваме сите студенти кои имаат потреба да ги посетат домовите да го направат тоа во следните 4 дена бидејќи потоа истите ќе бидат затворени се до донесување на позитивна одлука односно продолжување со престојување, иселување поради карантин или завршување на студиска година“, додава Николовски.

Откако пред три недели беа затворени сите студентски домови, поради појавата на новиот коронавирус Ковид 19 во земјава, студентите си заминаа дома, оставајќи бројни предмети во собите. Проблемот со иселувањето од домовите се појави откако владата, на крајот на март, одлучи овие сместувачки капацитети да бидат ставени на располагање на државата, за доколку е потребно во нив да се сместуваат лицата што се во изолација.

Студентите загрижени, институциите смируваат – нема селење од студентските домови во отсуство на станарите

Во меѓувреме, Владата одлучи студентите кои ги користат капацитетите на студентските домови да бидат ослободени од партиципација за периодот прогласен за вонредна состојба. Надоместокот пак кој го исплаќа Министерството за образование и наука за секој студент и кој изнесува 50% од сумата за сместување ќе биде продолжува од 10 месеци на 12 месеци.

Ј.Ј.