Над 150 студенти на Универзитетот за мултидисциплинарни студии во Лондон ризикуваат да бидат иселени од универзитетските капацитети за сместување бидејќи одбиваат да платат кирија. Тие сметаат дека универзитетските легла станале недостапни за секого.
Студентите одбиваат да платат кирија во знак на протест против, како што велат „растечките цени“ и бараат да се намалат за 40 отсто. Голем број на студенти, сместени во две згради во рамки на универзитетскиот колеџ се спротивставуваат да платат кирија која чини повеќе од 250 000 фунти. Тие почнаа кампања и се децидни дека нема да платат се додека универзитетот не ги слушне нивните барања и не се намали киријата барем две петтини од сегашната цена.
Ангус О’Брајан е претставник на кампањата и е еден од студентите кои се сместени во универзитетските кампуси. Тој вели дека киријата се покачила драматично и им отежнува на луѓето да студираат.
„Ова е масовен проблем во Лондон и државата. Ние покажуваме дека нешто може да се направи во врска со покачувањето на цените за кирија. Нашата акција може да биде почеток за нешто поголемо“, вели О’Брајан.
Студентите појаснуваат дека киријата за нивното сместување се покачила за 56 отсто. „Ремзи Хол“ е една од зградите во која студентите протестираат и има 473 соби кои чинат од 158 до 262 фунти неделно. Другата зграда „Макс Рајн“, е една од најевтините на универзитетот, со 272 соби кои чинат од 102 до 232 фунти.
Деветнаесетгодишна студентка, прва година на студии по Историја на уметност и е една од студентите што протестираат вели:
„Премногу се мачев со висината на киријата. Не доаѓам од богата фамилија и последниот семестар морав да работам две работи, што навистина влијаеше на моето студирање. Не можам да си дозволам да јадам ако не работам. Студирањето почна да се работи за тоа каква позадина имаш и колку заработуваш, наместо да ја покажува твојата способност“, смета студентката.
Кампањата почна кон крајот на минатата година со покревање на петиција за лошите услови на живеење и огромните трошоци за студентите.
Од Универзитетот го оправдуваат покачувањето на киријата. Од таму велат дека цените на киријата се направени во однос на локацијата на универзитетот.
„Бараме дијалог со претставници на кампањата за намалување на киријата, со цел да дискутираме за проблемите и да утврдиме како функционираат финансиите на универзитетското сместување. Ние ја разбираме загриженоста околу трошоците за сместување во Лондон, но не е точно дека универзитетот прави профит преку сместувањето“, велат од управата на универзитетот.
Минатата година, студентите сместени во универзитетските кампуси протестираа против бучава и наезда на стаорци. Тогаш, тие беа колективно наградени со надомест од 400 000 фунти.