Студенти од Универзитетот на ЈИЕ на практична настава во ЈП „Комунална хигиена“

Шест студенти од Универзитетот на Југоисточна Европа денеска започнаа со практична настава во ЈП „Комунална хигиена“-Скопје. Тие во текот на месец април ќе бидат ангажирани во Секторот за финансии и Секторот за поддршка на менаџментот, соопштија од јавното претпријатие.

„Од овие млади луѓе очекувам позитивен придонес во работата на Претпријатието, преку иновативни идеи и учество во нашите активности за подигнување на јавната свест за заштитата на животната средина“, изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје неодамна потпиша Меморандум за соработка со Универзитетот на Југоисточна Европа, со цел размена на искуства, знаења, едукација, како и практична настава на студентите и усовршување на кадри од различни области.