Студенти од скопските факултети направија прототип на мобилна вертикална градина

Студентите кои учествуваа во седумднвената летна работилница во Јавна соба изработија прототип на мобилна вертикална градина за одгледување на зачини, решение кое може да прерасне во производ кој ќе биде ползуван во ХОРЕКА (хотели, ресторани и кафилиња) секторот.

Осум студенти од Архитектонски факултет и Факултетот за дизајн на мебел и ентериер од Скопје, работеа под менторство на Лаурент Вие Лапонте и Роби Вајл од студиото Милиметарсеконде, специјализирано за производи од дрво.

Мобилната вертикална градина ќе биде доработена и како финален прототип ќе биде изложена на овогодишното издание на „Skopje Design Week“, што ќе се организира од 21. до 25. ноември на повеќе локации низ Скопје.

Учесници во работилницата и изработувачи на мобилната вертикална градина се: Бисера Саздовска, Ива Савиќ, Петар Буневски, Сандра Трајковска, Емилија Ѓорѓиоска, Сара Алаѓозовска, Елена Настеска, Елена Невеновска.