Студенти од ФИНКИ победници на Codefest 2016

Во конкуренција од 35 тима, студенти од ФИНКИ (тим „DreamКillers“) под менторство на асис. м-р Ристе Стојанов, го освоија првото место на овогодинешниот 32-часовен маратон во програмирање Codefest Marathon под мотото „Challenge Your Limits”.

И оваа година ФИНКИ е партнер и коорганизатор на настанот, а студентите на ФИНКИ учествуваат со пет тима. Настанот е од натпреварувачки карактер, а ново оваа година е тоа што маратонот е член и на светската лига на хакатони, Major League Hacking, што истовремено значи и интернационални признанија за учесниците.

Покрај Маратонот во програмирање, оваа година се одржа и еднодневна Codefest технолошка конференција каде со свои презентации се претставија 24 предавачи. На конференцијата се дискутираа теми од областа на технологијата, иновациите, дигиталниот маркетинг, стартапите, инвестициите итн. Богатата агенда на конференцијата меѓу другото опфати гости предавачи од неколку реномирани светски компании како Google, Microsoft, Adobe, Viber итн.