Студенти направија социјален експеримент: Како би реагирале на насилство врз жена во јавност?

Mногумина од нас биле сведок на насилство врз жена. За жал, сме биле сведок, па можеби и дел, од пасивноста на околните минувачи и очевидци на истото. За таа цел, во склоп на светската кампања за крај на насилството врз жената, Македонската Медицинска Студентска Асоцијација (ММСА) направи социјален експеримент чиј резултат беше разновиден.

„Не подалеку од очекуваното, многу од сведоците на глуменото насилство реагираа глувонемо на агоничните потреби за помош, но некои од нив пак, кои не можеа да премолчат, потегнаа иницијатива и се најдоа на помош, било тоа со физичко (но не и насилно) вмешување или со повик до полиција. Да земеме пример од нив! Тие се промената што му ТРЕБА на светот! Пријави насилство, повиши го гласот, нека се слушне до бесконечност“, изјави Александра Бонева, Национален офицер за човекови права и мир.