Студенти по право бараат да се растовари полагањето правосуден испит

Студенти на право бараат да се растовари полагањето правосуден испитГрупа студенти и дипломци на Правниот факултет „Јустинијан Први“ организираат петиција за растоварување на термините за полагање правосуден испит. Акцијата ќе се спроведува во кафе-барот „Скопје кафе“ на плоштадот Македонија, а студентите и сите кои ја поддржуваат оваа идеја ќе можат да се потпишат на петицијата, која ќе остане таму до следниот понеделник.

Целта, според студентите е да се поднесе иницијатива до Министерство за правда со која ќе се бара промена на системот на полагање на испитите за правосуден испит, односно истиот да се растовари. Наместо во еден ден да се полагаат два, а друг ден три испита,  што е прилично оптоварувачки и стресно за студентите, ќе се бара усните делови на испитите да се спроведуваат во различни денови, односно предлогот е испитите да се спроведуваат на следниот начин:

– Уставно право право посебен ден
– Казнено посебен ден
– Трговско и трудово посебен ден
– Граѓанско право посебен ден

Студентите ги повикуваат сите оние кои се заинтересирани  да издвојат малку време и да се потпишат на иницијативата, бидејќи таа може да успее само ако студентите ја поддржат во поголем број. Тие ги повикуваат и студентите и дипломците од другите градови да организираат слични иницијативи.