Студенти на Правниот факултет при УКИМ бесплатно ќе ги советуваат ранливите и маргинализираните групи

На Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, започна да функционира ткн. Правна клиника чија цел е давање на бесплатни правни совети и информации на ранливите и маргинализираните групи.

Во ова директно се вклучени самите студенти на факултетот, кои ќе бидат водени под менторство на професорите д-р Борче Давитковски, д-р Ана Павловска Данева, д-р Јадранка Дабовиќ Анастасовска, д-р Неда Здравева, д-р Дивна Илиќ Димовски, д-р Тодор Каламатиев и д-р Александар Ристовски.

Тие ќе им нудат бесплатни правни совети и информации на лица од ранливи и маргинализирани групи за да ги остварат правата од социјална заштита, здравствена заштита, права на ранливи категории потрошувачи, права на членови на семејства на притворени и затворени лица, како и оценка на можноста за барање правна заштита пред Народен правобранител.