Студенти изградиле статичен велосипед кој пере алишта кога се вртат педалите

BiWa (Bike Washing Machine) е статичен велосипед во кој има вградено машина за алишта. Дизајниран е од студенти на државниот универзитет Даилан во Кина.

Барабанот врти додека вежбате и ги движите педалите, а истовремено велосипедот генерира електрична енергија за снабдување на мониторот. Вишокот на електрична енергија се складира во батерија за понатамошна употреба на батеријата.

Целта на овој велосипед е на еколошки начин да се перат алиштата, наместо да се троши голема количина на вода и електрична енергија. Истовремено, корисникот вежбајќи на статичниот велосипед, генерира „зелена“ електрична енергија.

Извор: Bored Panda