Студенти го исмеваа српскиот министер Радуловиќ на Правниот факултет во Белград

Дебатата на Правниот факултет во Белград одржана синоќа на тема Закон за труд, за малку ќе се претвореше во тепачка, објави српскиот весник Блиц.

Студенти го исмеваа српскиот министер Радуловиќ на Правниот факултет во Белград

За време на излагање на министерот за економија Саша Радуловиќ, студентите гласно негодуваа и се потсмеваа на неговите констатации со забелешки дека законот нема да добие „зелено светло“, а по предупредување за однесувањето, за малку ќе се судреа со учесниците на трибината, се вели во текстот на Блиц.

Студентите, но и претставниците на разни синдикати меѓу кои и Сојузот на самостојни синдикати на Нови Сад, гласно негодувале на објаснувањето на министерот Радуловиќ. Со аплаузи тие давале поддршка на оние кои гласно ги искажувале своите ставови против тој закон, наведувајќи дека ги штити само работодавачите давајќи им легална можност да даваат откази и ниски плати како и да ги понижуваат работниците.

Инцидентот се случил откако новинар на Блиц постави прашање за Радолувиќ, а еден од организаторите ги предупредил присутните за однесувањето со што ја предизвикал масата и се случил инцидент кој за малку ќе се претворел во тепачка.

Министерот Радуловиќ заедно со останатите учесници во дебатата го „искористил метежот“ и веднаш заминал од Правниот факултет избегнувајќи одговори на присутните.