Студент си изгради дом од 13 квадрати, за да дипломира без кредит

Со цел да ги избегне високите давачки за сместување и вообичаеното земање кредит за школување, американскиот студент Џоел Вебер си направи монтажен дом од 25 квадратни метри каде ќе живее во текот на студиите.

Желбата на 25 годишниот студент, кој треба да продолжи трета година со студии на Универзитетот на Тексас, била да ги избегне трошоците од 800 долари месечно неопходни ако сака да живее поблиску до универзитетот. За разлика од своите колеги, кои вообичаено земаат кредити за плаќање на овие трошоци, младиот Џоел потрошил една година за изградба на својот мал дом кој го чинел околу 20 000 долари.

Како што вели за „АBC News“, дизајнот го направил сам, а имам помош од електричар и столар кои волонтирале на неговиот проект. Студентот кој дизајнира градинарски пејсажи, работи како бебиситер и на одржување куќи, вели дека кога има вишок на пари, ќе им наплаќа помалку на локалните жители за да им врати за дадената помош.

Иако многумина велат дека домот е малку клаустрофобичен, студентот одговара дека токму тоа ќе го направи да живее поактивен живот. Во моментов неговата куќичка е паркирана во родниот град, додека наесен ќе се пресели во близина на универзитетот.