Студент направил бизарна конструкција за воздух поради цимерите пушачи

Животот во студентскиот домможе да биде тежок, посебно кога цимерите се страствени пушачи. Затоа, студент од Кина одлучи да направи бизарна конструкција во својата соба, за да престане да дише чад од цигари, објави кинески Шангај Дејли.

За својата направа, тој прво купил вентилаторот кој го поставил надвор од собата каде има почист воздух, а потоа го поврзал со цевка од пластични вреќи која завршува во картонска кутија што тој ја користи како шлем на главата.

Според Шангај Дејли, студентот изјавил дека уредот не можел да го користи кога надвор е престудено, затоа што тогаш смрзнат воздух ќе му го замрзне лицето.

Опасно или генијално, многумина се прашуваат како изгледа животот во оваа студентска соба, со картонскиот шлем врз глава. Погледнете ја галеријата подолу: