„Стружаните имаат право на чиста средина!“ – акција на 8 јули во Струга

Со цел да се зајакне јавната свест за правото на здрава животна средина на 8 јули (петок) во Струга ќе биде реализиран завршен настан – кампања, која ќе биде проследена со акција за чистење на плажата „25 Мај“.

Акцијата е дел од проектот „(Локално) Младинско учество е важно“ кој ЗРА „Аква“ го спроведува во партнерство со Центарот за интерекултурен дијалог (ЦИД) од Куманово.

„Стружани имаат право на здрава животна средина! Тоа право е во наши раце!“, е мотото на организаторите.

Проектот е поддржан од Амбасадата на Кралство Холандија.

Како што беше претходно соопштено, целта на „(Локално) Младинско учество е важно“ е активно вклучување на младите во процесите на носење одлуки и креирање политики на локално ниво.