Граѓаните на Струга, кои се справуваат со недостиг на вода во одредени делови на градот, најавуваат протест во среда, 9-ти август, пред зградата на „Проаква“ во 14 часот.
„Едно два месеци по ред, вода ниту за лек“, стои во најавата за протестот на граѓаните револтирани од овој проблем кој се повторува секое лето.
На овие високи температури, тие велат дека се приморани да полнат шишиња за одржување на личната хигиена.