„Струшки вечери на поезијата“ бараат 18 волонтери, предност имаат студенти од катедрите за јазик и за книжевност

НУМ „Струшки вечери на поезијата“ (СВП) бара 18 волонтери за претстојнитиот меѓународен поетски фестивал, кој ќе се одржи во Струга од 21 до 26 август 2019 година. Волонтерите ќе бидат вклучени во логистичкиот тим за поддршка на фестивалот од 20 до 27 август и ќе бидат поддршка на поетите учесници на Фестивалот.

Потребно е волонтерите да имаат полни 18 години, а заради природата на ангажманот, на кандидатите студенти од катедрите за јазик и за книжевност ќе им биде дадена предност при изборот. Организаторот покрива сместување, храна и патни трошоци за волонтерите, a нуди можност за постојана комуникација со врвните поетски имиња од земјата и од странство. Од кандидатите се очекува посветеност, одговорност и чесност.

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија на struga@svp.org.mk со назнака „Волонтер – Струшки вечери на поезијата“ најдоцна до 11 август 23:59 часот. Избраните кандидати ќе бидат контактирани од страна на организаторот до 15 август.