Струга започна со изградба на нов спортски базен

Градот Струга, кралицата на водните спортови од 2002 г. остана без затворениот базен. Ватерполото и пливањето кои со голема и долгогодишна традиција беа спортски симболи за градот, ги изгубија членовите, а со тоа престанаа да постојат.
Стружани беа во голем шок поради затворањето на базенот кој сега е упропастен, ограбен и е дувло на наркомани. Секоја година од страна на секоја партија ни беше лажно ветувано дека ќе започне изградбата. Исто така тоа ветување го слушавме и на секоја предизборна кампања.Како што и самите бевме сведоци, сите партии постојано градеа, го опремуваа и осовршуваа базенот, но за чудо тој не го менуваше својот катастрофален изглед. Можеби нема да ви се верува, но овој пат навистина се случи чудо. „Агенцијата за спорт и само спорт“ на Македонската Република во соработка со Општина Струга, на чело со гадоначалникот г-дин Размиз Перко, започна остварување на невозможното. Конечно после цели 11 години започна изградба за нов спортски базен во рамките на светските критериуми.

Планот за изгледот на базенот ни е достапен на веб-порталот на Општина Струга. Како што сите можеме да воочиме, се работи за 25 метарски базен, кој располага со 6 соблекувални 4 вежбални, 3 простории за физеотерапија и професионални масери за спортистите, затоплување во сите простории во склоп на базенот како и 50 нови работни места.

Додека трае неговата изградба, отворени се уписите за нови членови за пливање и ватерполо. Овие спортови повторно ќе оживеат со што ќе се врати спортскиот дух во Струга. Младите повторно ќе можат да спортуваат и да го искористат својот талент, затоа што сите знаеме дека најголемите таленти за водните спортови се родиле баш во Струга.
Стружани се пресреќни и презадоволни за ваквиот генијален чекор на нашата грижлива Држава и Општина. Сега повторно е наш редот да сме прваци на Балканот, како во добрите стари времиња.

#кромид038

predupreduvawe