Stromae предвидува „твитпокалипса“ во новиот видео запис „Carmen“

Белгискиот артист Paul Van Haver, попознат под неговото уметничко име Stromae, го објави новиот видео запис за песната Carmen. Анимираното видео е соработка меѓу него музичарот и познатиот француски аниматор и режисер Sylvain Chomet (The Old Lady and the Pigeons, Paris, je t’aime итн).

Stromae е дел од музичката сцена веќе 15 години и е познат по неговите ексцентрични музички спотови, кои имаат повеќе од 100 милиони прегледи на YouTube. Се стекна со голема музичка слава со неговиот хит „Alors on dance“, од првиот негов студиски албум „Cheese“ издаден во 2010-та. Во 2013-та го издаде својот втор студиски албум „Racine carrée“, кој во многу држави се искачи на првото место на топ листите и со тоа му донесе интернацинална слава и многу настапи на големи светски фестивали.

Влечејќи инспирација од операта Carmen на Georges Bizet, преработката на Stromae се најде на неговиот втор студиски албум „Racine carrée“. Новитет во оваа приказна е суровиот визуелен приказ на Chomet (придружен од текстот на самата песна), кој претставува критика на променливите социјални мрежи и лажната слава, во случајов Твитер.

Новото видео на Stromae може да се погледне во продолжение:

Николај Митрески