Стрип-центарот на Македонија стана член на Европскиот форум на илустратори

Стрип-центарот на Македонија во Велес стана асоцијативен член во мрежата на Европскиот форум на илустратори. Одлуката ја донесе бордот на Европскиот форум на илустратори викендов во Шведска.

Oд Стрип-центарот велат дека вклучувањето во оваа мрежа е по добиена покана од бордот и претставува можностмакедонските стрип-автори да остваруваат меѓународни контакти.

Европскиот форум на илустратори е слободна мрежа на непрофитни организации во кој членуваат асоцијации од европски земји. СЦМ-Велес е прва организација-членка од балканските земји.