„Strings“ – апликација што може да брише пораки и слики откако се испратени

Нова апликација за испраќање пораки „Strings“, им овозможува на корисниците да ги избришат пораките на телефонот, дури и откако ги отвориле.  iOS апликацијата неодамна беше пуштена во употреба во САД и им овозможува на своите корисници да споделуваат фотографии, пораки и видео со повеќе или еден Strings корисник. Апликацијата потсетува на Whatsapp, но со поразлични правила за приватноста.

Испраќачот ќе може да диктира кој ќе може да ги сочува или симни нивните слики и видеа од апликацијата дури и ќе може да избриши испратена порака или целосно да избриши разговор. Мотото на апликацијата е „Ти ги држиш конците (strings)“, со цел да се покаже дека пораките кои погрешно биле упатени некому или со експлицитна содржина можат да се избришат.

Сепак, корисниците на оваа апликација немаат целосна контрола за дестинацијата на нивните пораки откако ќе бидат избришани, како кај Snapchat.

Според „Strings“, секоја содржина што корисникот ќе ја избрише ќе биде отстранета „веднаш и трајно“ од телефонот на примачот, испраќачот и серверите на апликацијата. Сепак, не постојат упатства како да се спречат корисниците за правење слики од пораките или правење копија од пораките во други апликации откако ги добиле.

Во октомври, повеќе од 200 000 слики корисници на Snapchat се појавија на интернет откако хакери пристапија до серверите на апликацијата.