Странски медиуми: Пепелта на Дејвид Боуви расфрлана за време на фестивалот Burning Man

Пепелта на британскиот пејач Дејвид Боуви е расфрлана за време на фестивалот Burning Man, јавуваат странските медиуми.

Според E! Њуз, сопругата Иман се согласила на овој чин, која споделила посебна збирка со духовниот настан.

Според медиумите, пејачот бил почестен со мала церемонија во храмот, кој е подигнат за посетителите да оддадат почит на своите најблиски, а потоа беше изгорен до темел на крајот на еднонеделниот собир.

„Ја пеевме музиката на Дејвид за време на целиот пат од кампот до храмот и назад. Повеќето од нас ја имаа нацртано „грмотевицата“ на Боуви на лицата во негова чест“, вели еден од посетителите на церемонијата.

Сепак, портпаролот на починатата музичка ѕвезда ги отфрли овие информации.

Марк Михали, кој го води блогот Burn.Life и присуствувал на фестивалот оваа година, беше првата личност што напиша дека пепелта на Боуви е расфрлана во храмот.