Стотици загинаа во силното цунами што ја зафати Индонезија

Над 420 лица починаа, а повеќе од 500 се повредени во катастрофалното цунами кое ја зафати Индонезија.

Но, ова се бројки само за жртви од градот Палу, се уште не е познат бројот на жртви во другите погодени области.

Индонезиските власти немаат целосни информации од градот Донгала, кој беше поблиску до епицентарот на земјотресот, на 27 километри од него.

Индонезија вчера беше погодена од земјотрес од 6,1 степен според Рихтер, а по него следуваа катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала и цунамито.

-Телата на загинатите ги најдовме на неколку места, а најчесто се удрени од делови од урнатите куќи кои ги однесе цунамито, но сѐ уште собираме информации“, соопшти вчера портпаролот на Националната агенција за вонредни состојби.

Индонезиската агенција за геофизика (BMKG) се соочува со критики дека прерано  го прекинала предуредувањето за цунами.

Но, од агенцијата негираа велејќи дека ја следеле стандардната оперативна процедура и го укинале предупредувањето врз основа на податоците добиени од сензорот за најблизок бран кој се наоѓа на околу 200 километри од Палу.