Стотици косовски средношколци ги напуштаат училиштата

Во првото полугодие од оваа учебна година, вкупно 775 косовски ученици ги напуштиле средните училишта во земјата, јавува агенцијата Танјуг, повикувајќи се на текст објавен во приштинскиот дневен весник „Коха диторе“.

Според податоците на Министерството за образование, меѓу оние кои ги напуштаат училиштата доминираат машките ученици. Ова, според познавачот на косовскиот образовен систем Дукаѓин Пуповци, укажува на тоа дека тешките економски услови се главна причина за оваа појава.

Во Мнистерството велат дека се загрижени поради овие фрапантни податоци, но не зборуваат за конкретни мерки и решенија со кои би се запрел трендот на напуштање на училиштата. Според Пуповци, можно решение би било создавање на посебна формула за финансирање на средното образование, односно помош за децата кои доаѓаат од семејства со лоша материјална состојба.