Стотици исчезнати откако попушти брана од рудник во Бразил

Најмалку 40 лица загинале во попуштање на брана од рудник за железо во сојузната бразилска држава Минас Жераис, а 300 лица се исчезнати, според последните информации на бразилските пожарникари.

Катастрофата се случила вчера кога пукнала браната во сопственост на компанијата „Вале“.

Но, поради обилниот дожд потрагата по преживеани се искомплицира, а властите соопштија дека привремено ќе ја прекинат поради опасност од пукање и на втора брана во истиот рудник.

Според првичните информации, несреќата се случила кога огромно количество јаловина истекло од оштетената брана и ја срушила мензата во кој ручале неколку стотини работници. Шансите некој да преживее се мали, соопштуваат тамошните власти.

Ова не е првпат да се случи ваква несреќа на браната, која била изградена во 1976 година.  Голема несреќа во рудникот се случила и во 2015 година, кога загинале 20-тина лица и била предизвикана огромна еколошка штета.