Стотици апликации во Гугл плеј имаат вирус

Нов извештај забележа вирус во апликации одобрени во онлајн продавницата на Гугл и покрај различните заштитни механизми. Истражувачите од Чек Поинт открија малициозен софтвер во стотици апликации кои го нарекоа DressCode.

Компанијата вели дека најстаро инфицирани апликации со овој вирус во Гугл плеј се од април 2016 година, а некои од нив достигнале од 100.000 до 500.000 преземања. Според истражувачите, 500.000 до 2.000.000 корисници можат да бидат изложени на ризик по симнувањето на апликациите.

Инфицираните апликации се користеле за ботнет, кој е виновен за разни акции што се случиле на уреди без знаење или согласност на корисниците, вклучително генерирање на реклами и лажен сообраќај на некои веб-сајтови. Видеото објаснува како функционира DressCode:

Гугл ги отстрани заразените апликации, но од Чек Поинт велат дека имаат целосна листа на апликации кои биле заразени на оваа страница. Тоа може да го провери секој корисник овде.