„Стоп за сечење дрвја за проширување улица“ – Герила акција во центарот на Скопје

„Овие дрвја ќе бидат исечени за проширување на улицата со уште две ленти за автомобили“ стои на листовите залепени на дрворедот по улицата „Даме Груев“ во центарот на Скопје.

На хартијата организаторите на оваа герила-акција ги посочиле и телефонските броеви и контакт мејловите на надлежните институции повикувајќи ги граѓаните да им ги праќаат своите мислења за оваа одлука.

„По најавата на Град Скопје за проширување на улицата Даме Груев за уште 2 ленти за автомобили, под закана од сечење се 20-тина возрасни дрвја од еден од најубавите дрвореди во центарот на градот!
Стоп за сечењето на дрвјата во градот!“, стои во објавата на Фејсбук на иницијативата Ина Еден.