Стивен Хокинг го објави првиот статус на Фејсбук

Најпознатиот физичар на денешницата Стивен Хокинг на почетокот на месецот отвори свој Фејсбук профил, а завчера го објави и својот прв статус, објави „Тајм“.

Стивен Хокинг го објави првиот статус на Фејсбук

– Секогаш сум се прашувал во што е тајната на постоењето на вселената. Времето и просторот можат засекогаш да бидат мистерија, но тоа не ме спречи во потрагата. Врските меѓу нас се бесконечни, а сега кога имам можност, ме радува ова патување да го делам со вас. Бидете љубопитни, знам дека јас секогаш ќе бидам. Добредојдовте и ви благодарам што ја посетувате мојата страница, напиша Хокинг во својот прв статус на Фејсбук.

Тој веќе има повеќе од милион лица кои го следат на оваа социјална мрежа.

Инаку, за неколку недели се очекува да биде и премиерата на биографскиот филм за Хокинг со наслов „The Theory of everything“, базиран на мемоарите на неговата прва сопруга Џејн Хокинг „Traveling to Infinity: My Life With Stephen“, пренесе Алфа.