Стипендии за студирање на универзитетите во Холандија

Холандското министерство за образование, култура и наука во соработка со 48 истражувачки институции, доделува стипендии за студентите надвор кои не се дел од Европската економска зона(ЕЕА) и кои сакаат да студираат во Холандија.

Право на учество имаат сите државјани кои живеат надвор од границите на ЕЕА, никогаш претходно не студирале во Холандија и ги исполнувааат условите на универзитетот кој го избрале.

Како што е наведено на повикот од Холандското министерство, заинтересираните кандидати од 16 февруари можат да аплицираат за стипендии директно во избраната институција.

Стипендијата изнесува 5000 евра, кои се доделуваат во првата година од студирањето. Краен рок за аплицирање е 31 март 2015 година.

Повеќе информации за стипендиите може да се најдат на овој ЛИНК.