Стипендии за редовни студенти на јавните и приватните универзитети

Министерството за образование и наука објави Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи за студиската 2013/2014 година.

Стипендии за редовни студенти на јавните и приватните универзитети

Стипендиите се поделени во три групи:

Прва група – 1.500 стипендии во износ од 3.000 денари, за студентите од социјалните категории

Втора група – 630 стипендии во износ од 4.000 денари (590 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 40 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа за студенти запишани на техничките факултети и медицинските науки кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година од најмалку 8.50, а за студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите да имаат постигнато најмалку 9,00 просечен успех;

– 125 стипендии во износ од 5.500 денари (105 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 20 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа за студенти запишани на студиски програми по информатика кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 9,00 просечен успех;

Трета група – 650 стипендии во износ од 3.000 денари (620 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 30 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки и кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,00 просечен успех.

Стипендиите се доделуваат за девет месеци во текот на студиската година. Право на стипендија имаат студентите запишани на додипломски студии од прв циклус кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во  Македонија и кои ги исполнуваат следните услови:

– да се редовни студенти; да не повторувале година во текот на студирањето; да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании; студентите од II-та студиска година да не се постари од 22 години;

Студентите кои се пријавуваат по Конкурсот објавен на интернет страницата на министерството и во печатените медиуми, треба да пополнат електронска пријава поставена на следниот линк, почнувајќи од 11.12.2013 година до 22.12.2013 година, а потоа сите потребни документи кои се наведени во Конкурсот, да ги достават до Министерството за образование и наука, ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје, од 23.12.2013 година до 16.01.2014 година, секој работен ден од 9 до 16 часот.