Стипендии за постдипломски студии во Шведска

Програмата на Шведскиот институт, СИ стипендии за Западен Балкан и годинава доделува стипендии за постдипломски студии на низа универзитети во оваа земја. Стипендиите имаат цел да поддржат напредни студии и истражувања во одбрани области и да придонесат во зближување меѓу земјите од Западен Балкан и Европската унија. За академската година 2015/2016, ќе бидат доделени 10 до 15 стипендии за постдипломски и докторски студии. Вклучена е платена школарина на универзитетот, сместување, како и надомест за трошоци од 9000 шведски круни (950 евра) месечно.

Програмата е отворена за студенти од Македонија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Србија. Пријавувањето ќе трае од 2 до 13 февруари.