Стипендии за подготвителен курс по словачки јазик во Братислава

За академската 2014/2015 година, државјаните на Македонија можат да конкурираат за десет стипендии за подготвителен курс по словачки јазик на Универзитетот Комениус во Братислава, кои ги доделува Владата на Република Словачка. Курсот е во времетраење од десет месеци, а вклучува и подготовки за полагање на квалификационите приемни испити на универзитетите во Словачка.

Стипендии за подготвителен курс по словачки јазик во Братислава

Избраните кандидати ќе добиваат месечна стипендија во износ од 280 евра, а ќе им бидат покриени и трошоците за сместување, исхрана и другите поврзани трошоци.

По завршување на подготвителниот курс, кандидатите имаат право да се запишат на додипломски, постдипломски или докторски студии од областа на техничките науки на државните универзитети во Република Словачка, под истите услови кои важат за словачките студенти.

Курсот ќе започне на 3 септември, а потребните документи за пријавување треба да се достават до Министерството за образование и наука на Република Македонија, (ул.Св.Кирил и Методиј бр.54 Скопје, 14 кат, канцеларија 1410), најдоцна до 30 мај.

Подетални информации за стипендиите, потребните документи и пропишаните обрасци може да се најдат на: www.minedu.sk, или на интернет страната на Министерството за образование и наука на Република Македонија: www.mon.gov.mk .