Стипендии за меѓународна мобилност за докторанти и академски кадар

Civil Society Scholar Awards (CSSA) стипендира меѓународна академска мобилност со цел да им овозможат на докторантите и универзитетските кадри пристап до ресурси кои потпомагаат социјално ангажирани и критички истражувања.

Стипендиите се отворени за следниве академски профили:

  • Докторанти од прифатените области, кои студираат на акредитирани универзитети во или надвор од нивната матична земја;
  • Академски кадар со полно работно време, кои предаваат на универзитети во нивната матична земја;

Стипендијата поддржува краткотрајни, меѓународни академски проекти, како: теренска работа (собирање податоци); истражувачки посети на библиотеки, архиви или универзитети; развој на предмет/програма; меѓународни истражувачки соработки кои водат до рецензирани публикации.

  • Времетраење на проектот: од 2 до 10 месеци
  • Датум на реализација на проектот: 1 август 2015 – 31 август 2016 година
  • Дозволен максимум на барање за стипендија: Докторанти: 10000 дол; факултетски персонал: 15000 дол.
  • Краен рок за аплицирање: 02.03.2015

За повеќе информации околу критериумите за аплицирање на овој линк.