Стипендии за магистерски и докторски трудови во Австрија

Во соработка со Универзитетот Грац, Австрија, покраината Стирија (Штаерска), во рамките на програмата „Go Styria“ нуди стипендии на извонредните студенти од регионот на југоисточна Европа за студиски престој во Грац во зимскиот семестар од академската година 2015/2016.

Програмата е наменета за студентите на мастер, докторски и постдокторски студии кои доаѓаат од универзитетите од Македонија, Словенија, Хрватска, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Грција, Кипар, Турција, Унгарија, Романија, Бугарија и Молдавија. За стипендиите можат да конкурираат кандидати кои веќе работат на своите магистерски или докторски трудови и имаат желба да спроведат истражување на Универзитетот Грац.

Периодот на стипендирање трае максимално четири месеци. Процесот на пријавување опфаќа попочнување електронска пријава и испраѓање документи преку пошта. Стипендијата за студентите на магистерски студии изнесува 600 евра, а за докторски и постдокторски – 900 евра месечно.

Рокот за пријавување е 30 април. Повеќе информации за стипендиите овде.