Стипендии за кампањата “И во Македонија се може 2.0 – New Generation Program”

Од оваа година Универзитетот ФОН заедно со своите партнери (Valencia University, Bertone Design Academy, Politechnico di Milano и George Town University и стратешкиот партнер Titanium Capital) ја проширува кампањата за стипендирање на млади умови од Македонија (матуранти) кои се во потрага по меѓународно образование и дипломи.

Од Универзитетот ФОН информираат дека:

  • Стипендистите се ослободени од финансиски обврски за студирање
  • Стипендистите на ФОН Универзитет ќе работат под посебен менторски систем со странските професори и експерти од Титаниум капитал
  • Универзитетот ќе ги покрива сите дополнителни трошоци во сферата на неформалното образование и пракса во меѓународни компании
  • Стипендистите ќе бидат дел од платформата за доживотно образование
  • Стипендистите ќе бидат дел од бизнис инкубаторот во кој со финансиска поддршка од Универзитетите во Валенсија, Милано и Вашингтон ќе може да ги развиваат своите бизнис идеи и креативни процеси, start-up’s, апликации и компании.

Право на аплицирање имаат само кандидатите кои оваа година се матуранти. Предвидени се две тестирања во мај.

Универзитетот ФОН веќе 11 години ја спроведува кампањата „И во Македонија се може“.

Повеќе од 1000 стипендисти, кои биле дел од оваа кампања, се добитници на награди од Обединетите нации, Светска банка, Микрософт, Хјулит Пакард. Истите работат во Европската Комисија, како млади истражувачи на светски универзитети, меѓународни и домашни компании и институции.

Повеќе детали за аплицирањето и селекцијата можете да најдете на следниов ЛИНК.