Стипендии за HR Академија

Стипендија за HR АкадемијаЦС Глобал (CS Global) и Клиар Вју Бизнис Тренинг Центарот (Clear View Business Training Center) Ве покануваат да бидете дел од есенската генерација на стручната Академија за управување и развој на човекови ресурси (HR Академија 2013/2014).

HR Академијата е креирана со практичен пристап и работа на менторски принцип. Знаењето кое се стекнува е применливо веднаш по завршување на Академијата. Јазикот на учење и работа е македонски. Секој учесник кој успешно ќе заврши добива Сертификат од CS Global HR ACADEMY© и лична препорака.

Повикот за стипендии за есенската генерација за HR Академијата е отворен. Можностите за стипендирање се за кандидати кои се посветени, кои имаат позитивен став и се отворени за постојан личен развој. Стипендиите за селектираните студенти се целосни. Тие се однесуваат на предавањата, материјалите и менторирањето во временски период од 8 месеци, од октомври 2013 до мај 2014 година.

Повеќе детали за апликацијата за стипендија се достапни на веб страницата на Клиар Вју Бизнис Тренинг Центарот. Краен рок за апликација за стипендија е 20 септември. Побрзајте. Предност ќе имаат порано примените апликации.
Ја очекуваме Вашата апликација и се радуваме на можноста да бидете дел од стручната Академија за управување и развој на човекови ресурси.

Повеќе информации на info@clearview.com.mk и info@csglobal.com.mk и 2 461 477 и 070 29 44 19.