Стиховите од „Т’га за југ“ претставени преку светлечка инсталација во паркот на поезијата во Струга

Светлечка инсталација со стиховите од песната „Т’га за југ“ е поставена во паркот на поезијата во Струга. Таа е поставена како дел од 59-те Струшки вечери на поезијата.

„Поезијата ја исполнува празнината која оние 2 метри безбедна дистанца ја оставаат, и како мост нѐ поврзува, спојувајќи илјадници светови и јазици. Поезијата, како единствен, универзален јазик на универзумот, покрај метафорички, вечерва може и физички да нѐ допре, преку танцот на светло и сенки во паркот на поезијата”, велат од фестивалот.

Во паркот на поезијата во Струга поставивме светлечка инсталација со стиховите од Т’га за југ. Така во ова време на…

Posted by Irena Sterijovska on Saturday, 29 August 2020

Во услови на пандемија, со максимално почитување на протоколите, најстариот поетски фестивал во светот ја продолжи традицијата, преку видоизменето или хибридно издание.

Оваа година на фестивалот учествуваат 20 странски поети со видео читања и 20-тина домашни поети.