Стерео сестри – ново музичко доживување

Сестрите Анушка и Анина Дуане пеат во дует и тоа не само на големи бини, туку и на мини- концерти: тие им пеат на луѓето на уво и им шепотат приказни, пишува Дојче веле. Уметничка форма која наиде на позитивен одзив кај слушателите!

Стерео сестри - ново музичко доживување

Сосем тивко се прикрадуваат – овојпат на премиера во театар во Минхен. Анушка и Анина Дуане се „The Fabulous Stereo Sisters“ – „Фантастичните стерео сестри“.

Нивна страст е да им пеат на други на уво, по една сестра на секоја страна – што создава стерео ефект.

„Знам дека звуците се судираат и се мешаат само во главата на луѓето и го сметам за многу убав овој вид на транспорт на нашите два гласа во таа глава,“ вели Анушка Дуане.

Нејзината сестра Анина Дуане дополнува: „Ние пронаоѓаме некоја добра фреквенција, па луѓето одненадеж да го доживуваат тоа. Mислам дека за нив тоа e извонредно телесно доживување. Тоа нема толку многу врска со нас, туку тие одненадеж поинаку го доживуваат своето тело. И тоа со толку едноставни средства.“

Тие всушност се актерки во мјузикли. На идејата за пеење со шепотење сестрите дојдоа на еден роденден кога на децата им зуеја на уво. Набрзо од тоа се роди бизнис идеја.

Анушка Дуане подвлекува: „Тука имаш блискост со луѓето, без премногу да се зближиш и е навистина убаво. Со нив се нурнуваме во еден заеднички звук, а тие не нѐ гледаат“.

„Ние не зјапаме во нив, туку тие навистина имаат свој простор, само нѐ слушаат и не нѐ забележуваат“, вели Анина Дуане.

Сестрите пеат на приватни забави или на прослави во претпријатија. Животот едноставно е песна, само таа мора да се пее доволно тивко.

Извор: Дојче веле