Stephen Fry ја напушта емисијата „QI“ по 13 години како водител

Актерот и водител Stephen Fry објави дека се повлекува од популарната комична квиз емисија „QI“ на BBC, по 13 години и 180 емисии поминати како водител. На оваа позиција, Fry ќе биде заменет од актерката и писателка од данско потекло Sandi Toksvig, која со ова ќе стане првата жена-водител на мејнстрим комично панел-шоу на британска телевизија.

„13 години ја имав една од најдобрите работи на телевизијата. Имав голем број луѓе зад камерите, брилијантни истражувачи, создавачи на програма и уникатно љубопитни луѓе кои ми ја олеснуваа работата. Пред камерите, генерации на активни умови и пред се, чудото на природата што се вика Alan Davies“, вели Fry.