Стефановиќ: Не постои жица што ќе ги сопре мигрантите, тоа не е решение

Не постојат жици што ќе ги сопрат луѓето, тие наоѓаат начин да поминат. Тоа не е решение, туку создава проблем на цела Европа. Не постои решение само за една земја, туку треба да се најде решение што сите ќе го примениме, рече министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ.

Тој смета дека поединеничните решение на некои земји како Унгарија, не го решаваат проблемот со мигрантите, туку само го продлабочуваат, откако вчера владата на Унгарија објави дека наредила пробно да се пушти во употреба новата „умна“ ограда на границата со Србија, која има струја под напон од 900 волти, за која тврди дека не може да повреди човек.

Стефановиќ нагласи дека во Србија во моментот има помалку од 6.000 мигранти и дека српските прифатни центри се доволни за таа бројка луѓе.